

Телефон: 02 3111-544
Мобилен: 078/339-362
Факс: 02 3111-544
www.dom-invest.com.mk
За нас
ДОМ ИНВЕСТ МИЛЕНИУМ е претпријатие оформено во Октомври 2003 година. Ова е релативно ново претпријатие, но со големо искуство во градежништвото. Претпријатието е основано од два архитекти Антон Кајтази и Лилјана Ковачева со долгогодишно работно искуство со недвижности и инженеринг.
Претпријатието е оформено како фирма ќерка на ДОМ- ДИЗАЈН, докажана агенција за недвижности со искуство на ова поле уште од 1993 година.
ДОМ ИНВЕСТ МИЛЕНИУМ е оформен за работа со градежништво и инженеринг. За оваа цел формиравме тим кој е спремен да одговори на секоја задача од ова поле. Во краток временски период успеавме да завршиме неколку големи проекти:
- Изведба на станбено деловна зграда во Скопје, Кисела Вода. Зградата е со вкупна корисна површина од 2100 м2. Овој проект е индивидуално финасирана инвестиција. Грабата започна во Јули 2004 и е завршена во Септември 2005 година
- Вториот проект е изградба на Клиника за Онкологија во Битола, донација на Владата на САД. Ова е караткорочен проект со време на изградба од само 110 дена е завршен во Ноември 2004.
Претпријатието е структирано така да фунционира со подизведувачи и хонорарци. Проектите кои ги водиме се детално анализирани и за потребите на секој проект поединечно најмуваме стручни лица и претпријатија кои ни се неопходни за да се изведат работите во баран рок и квалитет. Подизведувачите кои ги користиме се квалификувани и едни од најдобрите во областа во која специјализираат. Во зависност од барањата на специфичниот проект, формираме тим кој е најдобар за потребната работа. Водиме само неколку проекти едновремено со цел да постигнеме подобри резултати.